За Ташковски, ова е голем ден бидејќи освен како учесник поет на Рациновите средби, годинава се закити со награда.
– Мојот јунак Иван Источни раскажува за најтемниот дел во поновата историја на македонскиот народ, од почетокот на 19 век до почетокот на Првата светска војна. Тоа е проколнат период, недоволно истражен, време на себепронаоѓање, кога сите не’ делат, присвојуваат. Иван Источни, свештеник-епископ, е пример за човек кој постоел во мојот роден крај Кукушко и сите приказни во книгата се вистинити – рече Ташковски.
„Кафез од гревови“ е втора книга од неговата трилогија „Македонка“.
(dnevnik.com.mk)



