0

Поетска едиција ЕваТас

Во втората серија (2010 година), објавени се книгите „Космополис“ од Алеш Дебељак, „Читање на тишината“ од Павле Горановиќ и „Нуркање на здив“ од Бранко Чегец.

Во првата серија (2009 година), објавени се книгите „Споени лица“ од Сибила Петлевски, „Деновиве ако не и утре“ од Јовица Ивановски, и „Пофалба на невиноста“ од Хенк ван Керквијк.

Почнувајќи од 2009 година, Блесок секоја година објавува по три современи автори во повеќејазичната поетска едиција ЕваТас. Авторите се објавуваат на македонски, на англиски и на својот мајчин јазик. Македонските автори се објавуваат на македонски и на англиски.

Едицијата ЕваТас е основана во сеќавање на Ева Тас (1915-2007), која својата оставина, преку истоимената Фондација, ја посвети на слободата на пишаниот збор, издаваштвото и читањето ширум светот.

www.blesok.com.mk

Objavljeno u: Vijesti

Spremi

Komentariši

Submit Comment
© Književnost.org.  | SitemapVideo Sitemap  |