0

Македонска книга на келтски јазик

Книга со избор од поезијата на Никола Маџиров во превод на ирски, односно келтски јазик е објавена во Ирска. Делото насловено “Тајно преселување на душите” е прва книга на македонски автор на овој келтски јазик, кој се зборува во Република Ирска и Северна Ирска. Во изданието се поместени осумдесетина песни, а и критики за поезијата на Маџиров, како од еминентни светски автори, така и од двајца ирски книжевни критичари.

Избор од поезијата на Никола Маџиров на хрватски јазик деновиве се промовираше и во Загреб, во рамките на Меѓународниот поетски фестивал за нова европска поезија “Брутал”.
(vecer.com.mk)

Objavljeno u: Vijesti

Spremi

Komentariši

Submit Comment
© Književnost.org.  | SitemapVideo Sitemap  |