0

Две македонски книги издадени во Франција

 Во предговорот на француското издание на „Македонските народни приказни“, меѓу другото се подвелкува: „И Македонците ги имаат нивните браќа Грим, браќата Миладиновци. Но скромниот кројач од Прилеп, Марко Цепенков е тој кој што им го даде на македонските народни приказни местото што тие го имаат во Македонија. Приказните запишани од Цепенков се душата на македонскиот народ и општество, во кои се открива целото богатство на македонскиот јазик“. Непосредно пред објавувањето на македонските народни приказни, Марија Бежановска го преведе и објави како книга на француски јазик многу актуелниот театарски текст на Горан Стефановски „Дебар Маало“. Неодамна тој беше презентиран во театарот на „Ронд Пуан“, еден од централните театри на Елисејските полиња во Париз со кој има раководено познатиот Жан-Луи Баро. Познавачите велат дека читањето на текстот било мошне добро направено, така што предизвикало големо интересирање кај публиката. Најнова вест е што текстот идната година ќе биде поставен на сцена, а деновиве ја доби и наградата на Францускиот национален центар. Бежановска, покрај текстот од Стефановски, превела и: три текста на Жанина Мирчевска, како и романите на Божин Павловски, Ташко Георгиевски Живко Чинго, а во моментов го довршува преводот на романот „Вештица“ од Венко Андоновски.

(Тони Гламчевски – utrinski.com.mk)

Objavljeno u: Vijesti

Spremi

Komentariši

Submit Comment
© 0866 Književnost.org.  | SitemapVideo Sitemap  |