Од јули 2012, првото европско е-списание за култура и уметност „Блесок“, има статус на меѓународно списание, со Меѓународен уредувачки одбор. Одборот го сочинуваат единаесет членови кои со своите активности покриваат дванаесет земји: Ханс ван де Ваарсенбург, Холандија (претседател); Алеш Дебељак, Словенија; Иља Камински, САД/Русија; Орелија Ласак, Франција; Елизабета Линднер, Германија; Младен Ломпар, Црна Гора; Амир Ор, Израел; Сибила Петлевски, Хрватска; Тод Свифт, Обединето Кралство/Канада; Рони Сомек, Израел; Гокченур Ч., Турција. Меѓународниот уредувачки одбор, од една страна, има советодавна функција; од друга страна, членовите на одборот ќе учествуваат во промовирањето на македонската книжевност и култура во светот.
Во македонската редакција членуваат Наташа Аврамовска, Дарија Андовска, Елизабета Баковска, Румена Бужаровска, Калина Буневска Исаковска, Бела Глигорова, Лидија Димковска, Лидија Капушевска-Дракулевска и Ана Мартиноска; главен уредник е Игор Исаковски, основачот на „Блесок“.
„Блесок“ е основан во февруари 1998 година, а првиот број на е-списанието излезе на 12 март 1998.



