Димковска во книгата е застапена со песната „Поемата на почетокот“ во препев на англиски на Љубица Арсовска и на Пеги Рид.
Изданието има околу 600 страници, а во него се наоѓаат песни од значајни поети од 20 и од 21 век. Застапени се песни од Пол Валери, Борис Пастернак, Марина Цветаева, Андре Бретон, Октавио Паз, Чеслав Милош, Хорхе Луис Борхес, Хулио Кортасар, Георг Тракл, Васко Попа, Константин Кавафис и уште двесте други автори од сите континенти.
Дел од авторите за првпат се препеани на англиски јазик. Димковска, пак, е меѓу најмладите автори застапени во антологијата.
(dnevnik.com.mk)