0

„Улица“ на Нигериецот Бији Банделе на македонски

 

Во овој незаборавен роман, Бији Банделе на уникатен начин ја отсликува атмосферата на современиот мултикултурен живот во Англија.

Во „Улица“ живеат повеќе фасцинантни несекојдневни ликови чиишто животни приказни се преплетуваат во една необична приказна за урбаниот надреализам на секојдневното живеење. „Улица“, според критиката, е интересна, луда и сложена приказна, која варира од црна комедија до пародија на сентиментална мелодрама.

Со својот специфичен, забавен и комичен начин на раскажување, кој е длабоко втемелен во африканската фолклорна традиција, Банделе создава прекрасен роман по примерот на големите мајстори на магичниот надреализам.

Бији Банделе е нигериски романсиер и драматург што живее и работи во Лондон.

Objavljeno u: Vijesti

Spremi

Komentariši

Submit Comment
© Književnost.org.  | SitemapVideo Sitemap  |