0

Маџиров на прво место на поетска топ-листа во Хрватска

 

За книгата веќе пишуваа неколку видни хрватски поети и книжевни критичари, а избор од поезијата се појави и во хрватските книжевни списанија.

Книгата со избор од поезијата на Никола Маџиров, кој неодамна се појави на келтски јазик во Ирска, под наслов „Тајно преселување на душите“, пак, предизвика големо внимание кај читателските и универзитетски кругови во оваа земја. Веќе се појавија четири позитивни рецензии напишани од реномирани критичари и универзитетски професори на Универзитетите во Даблин и во Лимерик.

Во една од нив, Овен Мекиган пишува: „Силните песни на Никола Маџиров откриваат природа на пустиник со моќна љубов кон тишината. Од оваа византиска основа, на која Македонија во голема мера почива, Маџиров обликува песни со необична свежина и чистота…“

(novamakedonija.com.mk)

Objavljeno u: Vijesti

Spremi

Komentariši

Submit Comment
© Književnost.org.  | SitemapVideo Sitemap  |